EN | IT | ES | MK | GR |

Partners

All Routes Lead To Rome

news image
Универзитет во Саленто

Универзитетот во Саленто е млад динамичен универзитет, кој сака да се прошири и да се докаже на национално и меѓународно ниво во петата на Италија.
Од 1955 година, Универзитетот во Саленто има за цел да промовира знаење, вештина и заслуги и нуди голем број можности за образование.

Од право до природни науки, од економија до инженерство, од студии по хуманитарни науки до науки за медиумите, универзитетот обезбедува академски патеки до голем број професии, како и постдипломски и специјализирани курсеви, скроени за да ги задоволат потребите на работното место.
Исто така има и докторски студии како и постдипломски студии за културно наследство и правни професии. Престижната школа ISUFI Grandes écoles нуди курсеви за повисоките нивоа на додипломски и постдипломски студии за студенти со стипендии кои ќе можат да се усовршат.
Универзитетот во Саленто рапидно расте во последните неколку години, консолидирајќи ја и јакнејќи ја својата улога како основен камен на локалниот културен и социјален систем.

Осум одделенија обезбедуваат услуги и информации за студентите, како и триесет и три истражувачки центри низ целиот регион Саленто: особено, „Одделот за историја, општество и човечки студии“ е водечки партнер на ALL ROUTES LEAD TO ROME (Сите патишта водат кон Рим )проектот има особена вклученост во проектот за соработка во врска со обуката, локалениот развој и градење на капацитети во последните години.