EN | IT | ES | MK | GR |

news image
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО РИМ ОРГАНИЗИРАН ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

Презентацијата на проектот се одржа на 11 декември 2021 година. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје го организираше настанот. Поради Ковид пандемијата, бројот на учесници беше ограничен.
Настанот го отвори Аце Миленковски, ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје (УТМС). Тој нагласи дека проектот е насочен кон студентите кои во моментот се дел од некој универзитет и би сакале, на крајот од нивните студии, да бидат ангажирани во бизнис што вклучува промоција на европското културно наследство, особено римските патишта и местата поврзани со нив и од нив.
Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам при УТМС, беше следниот презентер, кој разговараше за предизвиците во оваа област, давајќи им на учесниците суштински информации за целите и задачите на проектот.
Дејан Наковски покажа некои статистички податоци од спроведените анкети за обуките. Потоа, имаше преглед на и резултати од интелектуалните аутпути.
На крајот, Горан Апостоловски ја претстави платформата Сите патишта водат до Рим (https://www.romanroutes.eu/) и чекор по чекор им објасни на учесниците како да ја посетат, да се најавват, но и како да ги користат курсевите за обука.
Исто така, на овој настан студентите и другите учесници имаа можност да ги споделат своите ставови за темите. На наше големо задоволство, тие развија многу продуктивна дискусија.